Обезбедени 220.000 евра за обука на туристичките работници

Bez autora
Mar 17 2014

Министерот за економија Ваљон Сараќини во понеделникот со првата работилница за проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во туристичката индустрија во Македонија“, го означи стартот на проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки. Проектот е во организација на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО). На работилницата проектниот тим, предводен од координаторот на УНИДО проектот Аднан Сариќ, го претстави проектниот пристап, планот за имплементација на проектот и деталите околу идните активности, со цел подобрување на конкурентноста и подобрување на пристапот до пазарот на кластерите во туристичкиот сектор во Македонија.

Обезбедени 220.000 евра за обука на туристичките работнициМинистерот за економија Ваљон Сараќини во понеделникот со првата работилница за проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во туристичката индустрија во Македонија“, го означи стартот на проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки.

Проектот е во организација на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО).

На работилницата  проектниот тим, предводен од координаторот на УНИДО проектот Аднан Сариќ, го претстави проектниот пристап, планот за имплементација на проектот и деталите околу идните активности, со цел  подобрување на конкурентноста и подобрување на пристапот до пазарот на кластерите во туристичкиот сектор во Македонија.

„Станува збор за проект кој е прв и единствен од ваков вид во државата, кој е обезбеден преку Словенечкиот билатерален проект за техничка помош од каде се одобрени 220.000 евра за период од две години, средства кои ќе ги менаџира УНИДО организацијата”, потенцираше Сараќини.

Овој проект претставува одговор на потребата на туристичкото стопанство да добие сознанија за подобрување на туристичката понуда во државата, а главниот фокус ќе биде ставен на подобрување на услугите на туристичките работници преку обуки и тренинзи.

„Обуки ќе има и за вработените во државната администрација, кои се одговорни за развојот на туризмот, како што се Секторот за туризам во Министерството за економија, како и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”, рече Сараќини.

Тој информираше дека обуки се планирани и за вработените во локалните самоуправи, чии општини имаат капацитет за развој на туризмот, како и за туристичките стопанственици, кои се најдиректно инволвирани во работењето на туристичкиот сектор.

„Преку паралелно работење на трите најважни елементи поврзувањето, човечкиот капитал и туристичките производи на пазарот, очекуваме подобрување на пристапот на пазарот на туристичките кластери, нивно поврзување на ниво на држава, но и со сличните кластери во регионот, зајакнување на врската на туристичката со другите индустрии во државата, а со тоа и забрзан развој на туризмот и развој на економијата”, истакна Лела Крстевска, претседател на Туристичката комора на Македонија

Таа посочи дека целта е да се зголеми квалитетот на туристичката понудата, но и да се прошири понудата во секторот туризам преку спа центри, велнес центри, рурален туризам и итн.

„Проектот што ќе го спроведуваме во текот на следните две години има за цел да ја подобри   конкурентноста и да го подобри пристапот до пазарот на кластерите во туристичкиот сектор во Република Македонија, а УНИДО во реализирање на овој проект кој што од денеска и официјално започнува, ќе соработува со сите релевантни институции со цел зајакнување на нивниот капацитет преку овие обуки за туристички работници“, информираше Аднан Сариќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik